• понеделник, 23 декември 2024

Дојче веле: Лицемерието на ЕУ останува

Дојче веле: Лицемерието на ЕУ останува
12 март 2021 Дојче веле Унгарската владејачка партија Фидес ја престигна ЕПП. Наместо да ја исфрлат, таа сама си замина. Но, тоа не го решава проблемот, бидејќи ЕПП има попроблематични членови.
                    Во круговите околу бугарскиот премиер Бојко Борисов се шири приказната за тоа како тој и неговиот унгарски колега Виктор Орбан некогаш ја намамиле канцеларката во селфи-стапица на маргините на седницата на Европската народна партија (ЕПП), пишува Дојче веле. Таа приказна, вистинита или не, е убава метафора за тоа како (тогаш) релативно новите демохристијани и конзервативци од Централна и Источна Европа ја замислувале својата улога во ЕПП: правиме селфи со главната протагонистка и веднаш сме членови на клубот - без оглед што и самата Ангела Меркел доаѓа од поранешниот источен блок.
                По повеќе од четири децении советска диктатура, гарнирани со атеизам и пролетерска пропаганда, не останаа многу вистински конзервативци во Софија, Букурешт и Будимпешта. Но, такви мораше да се најдат на постојната политичка маса. Европската народна партија навистина се трудеше. Од либерален борец за слобода и соработник на Џорџ Сорос, Виктор Орбан стана конзервативен демохристијанин. Исто тоа стана и поранешниот член на Комунистичката партија, апсолвент на Полициската академија и телохранител, Бојко Борисов. Можно е и двајцата денес да се побожни христијани и конзервативци, меѓутоа, нивните корени во европскиот конзервативизам се исклучително плитки. Како и сите партии, ЕПП е првенствено сојуз за формирање мнозинство. Ова особено важи во рамките на комплицираната и незавршена Европска унија во која дури и најмалите чекори бараат многу маневрирање и преговори. Токму од таа причина, европските конзервативци не само што со раширени раце ги пречекаа новите партиски пријатели од Централна и Источна Европа, тие исто така видливо се обидоа да формираат такви партии надвор од поранешната Железна завеса и на тој начин да градат европска христијанска демократија. Новите партиски пријатели од Полска, Унгарија, Чешка или Бугарија очигледно ја разбраа само првата половина од заедничката идеја: да си помагаат едни на други да добијат мнозинство. Сепак, за вистинска обединета Европа, вториот дел од идејата е многу поважен: заедничките вредности. Политичките мнозинства ги стабилизираат структурите, но заедничките вредности ја стабилизираат заедницата. Новите конзервативци од Централна и Источна Европа, кои израснаа во прегратките на комунистичката пропаганда, веројатно сметаа дека дури и европските вредности се само политички меур од сапуница, идеолошко клише и позадина на магла. Корупција, самопослужување и непотизам И така тие едноставно ги поместија тие вредности под тепих. Владеењето на правото, вербата во структурите на кои можете да верувате, слободата на медиумите, почитувањето на вредностите и човечкото достоинство на поединецот, христијанското сочувство кон луѓето во неволја и на крајот, интегритетот и сигурноста на носителите на политичките мандати - целосен втор дел од идејата зад која стои Европската народна партија во Централна и Источна Европа едноставно се игнорира. Во Унгарија и Полска, владеењето на правото се повеќе се задушува. Истиот случај е во Бугарија, со тоа што таму тоа никогаш не заживеа. Бугарија заостанува во Европа кога станува збор и за слободата на медиумите, а ситуацијата во Унгарија е сè полоша и полоша.
Христијанската љубов кон ближниот, кон бегалците на надворешните граници на ЕУ? Ништо од ова не постои во цела Централна и Источна Европа. Одговорно управување со буџетите, односно милијардите од трезорот на ЕУ? Ситуацијата е токму спротивна, корупцијата, самопослужувањето и непотизмот се на сцена! Ова е тажна слика од крајот на минатата недела во која партијата на Виктор Орбан, Фидес, ја напушти ЕПП, пред да биде исфрлена. За оваа мрачна слика не се одговорни само новите христијански конзервативци, кои се на власт во некои земји на Централна и Источна Европа и кои малку се грижат за заедничките вредности. Самата ЕПП и ЕУ како целина исто така се одговорни затоа што предолго ги затвораа очите и го пренасочуваа погледот од реалноста во Унгарија и Полска. Или во Бугарија, каде што минатата година масовните протести го расветлија лицемерието на политичката класа. Вредноста на заедничките вредности Секако дека поради напуштањето на Фидес, ЕПП нема да се распадне. Во Европскиот парламент, доколку сака да го има потребното мнозинство, ќе мора да формира нови коалиции со социјалдемократите и либералите. Ниту ЕУ нема да се распадне, бидејќи им дава премногу привилегии и предности на земјите-членки. Но, Европската унија никогаш нема да постигне идеална состојба на консолидирана заедница од 450 милиони граѓани, доколку заедничките вредности живеат во состојба на дволичност. Бидејќи, со помош на партиите, се формира мнозинство, но општеството се гради на вредности. паг/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан