• вторник, 24 декември 2024

Дожд, град и грмотевици во Калифорнија, 11.000 луѓе останаа без струја

Дожд, град и грмотевици во Калифорнија, 11.000 луѓе останаа без струја

Сакраменто, 20 февруари 2024 (МИА) - Невреме со дожд, град и грмотевици остави без електрична енергија околу 11.000 луѓе во сојузната американска држава Калифорнија.

Метеоролозите најавија дека може да се очекува торнадо, но тоа не се случи и поради таа причина нема значителна материјална штета.

Повеќе од 11.000 потрошувачи останаа без струја поради налетите на силниот ветер, објавено е на официјалната веб-страница на калифорниската електрична мрежа.

Според локалните служби, невремето предивикало поплавување на некои патишта, соборени дрвја, а аеродромот во Санта Барбара беше привремено затворен.

„Националната метеоролошка служба во Сакраменто издаде предупредување за торнадо за делови од округот Плумас и округот Бат во северна Калифорнија, но освен силен дожд, повремен град и грмотевици, нема торнада“, потврди метеорологот Џефри Вуд. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан