Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица доби наменско возило
- Во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица денеска беше предадено на користење наменско возило за потребите на лицата со посебни потреби, информираше градоначалникот Димчо Атанасовски. Набавката на возилото, како што рече, е реализирана како дадено ветување пред граѓаните и како дел од неговата и програмата за работа на општината.
Македонска Каменица, 2 јули 2024 (МИА) - Во Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица денеска беше предадено на користење наменско возило за потребите на лицата со посебни потреби, информираше градоначалникот Димчо Атанасовски. Набавката на возилото, како што рече, е реализирана како дадено ветување пред граѓаните и како дел од неговата и програмата за работа на општината.
-Реализацијата на овие проекти се со цел подобрување на условите за лекување, заштита и згрижување на граѓаните од нашата општина. Ние како локална самоуправа ќе продолжиме и во иднина да спроведуваме вакви проекти согласно потребите на граѓаните и институциите во општината, истакна Атанасовски.
Возилото беше предадено во присуство на директорот на Центарот за социјални работи од Благој Стоименовски.
-Возилото за е набавено со средства од Буџетот на општина Македонска Каменица. За набавка на истото се издвоени приближно 2,26 милиони денари, додаде Атанасовски.
Претходно, Општина Македонска Каменица набави возило за потребите на Итната медицинска помош во Македонска Каменица. вс/дма/
Фото: МИА