• сабота, 23 ноември 2024

ДИК: Вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список

ДИК: Вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список
Скопје, 30 август 2021 (МИА) - Заклучно со вчерашниот ден вкупно 8.791 лице се провериле во Избирачкиот список, информираат денеска од Државната изборна комисија. - Заклучно  29.08.2021 до 21:00 часот  вкупно 8791 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 18 барања за запишување во избирачкиот список, 15  барања за бришење на податоците од избирачкиот список и девет барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. Во Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk, исто така, се поднесени вкупно 25П барања. Постапката за увид во Избирачкиот список ќе трае до 9 септември. Локалните избори се закажани за 17 октомври. аа/ац/

Остани поврзан