• сабота, 13 декември 2025

ДЗС: Во земјава нема активни пожари

ДЗС: Во земјава нема активни пожари

Скопје, 3 август 2025 (МИА) - Дирекцијата за заштита и спасување информира дека во моментов во земјава нема активни пожари. Активен беше еден пожар на територијата на општина Долнени во атарот на с. Стровија кај Гајдарец - Клепало, кој е изгаснат.

Од ДЗС соопштуваат дека за гаснење на пожарот на територијата на општина Долнени, рано утрово интервенирале екипи на Национални шуми со доброволци ловци, кои за неколку часа успеале целосно да го изгаснат овој пожар на отворен простор кој имаше зафатено поголема површина со сува и висока трева по гребенот на планината.

Посочуваат дека пожарот на планината Готен е целосно изгаснат и од радовишката и од беровската страна. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Тагови

Остани поврзан