• недела, 21 јули 2024

Де Хеа слави јубилеј – 400. настап во Премиер лигата

Де Хеа слави јубилеј – 400. настап во Премиер лигата

Лидс, 12 февруари 2023 (МИА) - Голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа се најде во почетниот состав на својот тим на денешниот натпревар од 23. коло на Премиер лигата против Лидс. Тој го бечежи својот 400-ти настап во Англиското фудбалско првенство.

Де Хеа со 32 години и 97 дена стана најмладиот голман кој стигнал до 400 настапи во Премиер лигата. Шпанецот го собори рекордот на Шеј Гивен, кој го забележа својот 400-ти настап во Премиер лигата на 33 години и 335 дена.

Шпанскиот голман е во Манчестер од 2011 година. Претходно беше дел од матичниот негов клуб, Атлетико Мадрид за кого има 57 настапи.

На голот на шпанската сениорска репрезентација Де Хеа до сега се најде 45 пати. зс/

Остани поврзан