• понеделник, 22 јули 2024

Дејан Пецаковски ја завршува играчката кариера

Дејан Пецаковски ја завршува играчката кариера

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) - Најискусниот ракометар во Тинекс Пролет, Дејан Пецаковски, донесе одлука на крајот од оваа натпреварувачка сезона да му каже збогум на активното играње ракомет, соопштија од клубот.

- Поранешниот македонски репрезентативец настапуваше за бројни македонски клубови, а ние како клуб сме горди што тој од 2020 го носеше дресот на Тинекс Пролет, секогаш давајќи го максимумот за нашата екипа, порачаа од Пролет. 

Тинекс Пролет како клуб му врачи благодарница на Пецаковски за неговиот придонес во изминатите години, што му беше врачена од страна на претседателот Кадиевски и директорот Огњеновски на последниот тимски собир со кој беше заокружена оваа натпреварувачка сезона. дс

Фото: РК Пролет

 

Остани поврзан