• сабота, 27 јули 2024

Денеска без вода делови од Кисела Вода и Матка

Денеска без вода делови од Кисела Вода и Матка

Скопје, 21 февруари 2023 (МИА) - Поради премостување од стара на нова мрежа на ул. „Димо Хаџидимов“ и ул. „Михаил и Ефрихиј“ во Кисела Вода, денеска прекин во снабдувањето со вода ќе имаат корисниците од овие улици.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 9 часот до завршување на дефектот.

Поради уличен дефект ф50 на ул. „1“ село Матка денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица. Прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 8:30 часот до завршување на санација на дефектот. сст/

Остани поврзан