• четврток, 06 март 2025

Демант од Државниот завод за статистика

Демант од Државниот завод за статистика

5 март 2025

Во врска со написите објавени во одредени медиуми, во кои се толкуваат податоците за бруто-домашниот производ и се изведува заклучок за тоа колкава била вкупната стапка на бруто-домашниот производ во 2024 година, Државниот завод за статистика ги демантира овие податоци и ја информира јавноста дека последните објавени податоци за бруто-домашниот производ во соопштението „Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2024 година“ на 04.03.2025 година се однесуваат на четвртото тримесечје од 2024 година и се проценети, а се достапни на следниов линк:

https://www.stat.gov.mk/pdf/2025/3.1.25.01_mk.pdf

Заводот за статистика ги објави во исто време податоците за бруто-домашниот производ за 2024 година како проценети податоци и тие се достапни на веб-страницата на Заводот во базата МакСтат на следниов линк:

https://makstat.stat.gov.mk:443/PXWeb/sq/f33df4ba-d8fc-422d-8d06-fd5976cca3adble/tableViewLayout2/

Државен завод за статистика

______________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан