• вторник, 26 ноември 2024

Дел од општините Бутел и Гази Баба без струја

Дел од општините Бутел и Гази Баба без струја

Скопје, 7 јули 2023 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електромрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Гази Баба, соопштуваат од РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:30 до 09:30 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од ул. „2“ во Визбегово, како и дел од корисниците лоцирани на бул.„Јадранска магистрала“ во Општина Бутел.

Во периодот од 10:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од  ул.„Рокомија“ од бр.1 до бр.74 во Општина Бутел.

Во периодот од 11:30 до 12:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.„16-та македонска бригада“ од бр.1 до бр.6, корисниците од ул.„1632“, како и зградата над Комерцијална банка, во Општина Гази Баба.фф/мд/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан