• среда, 31 јули 2024

Делегација предводена од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла во посета на МВР

Делегација предводена од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла во посета на МВР

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Делегација предводена од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла денеска ќе престојува во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, за косовската делегација ќе биде организиран официјален пречек во кругот на МВР.

Потоа е предвиден работниот состанок на двете делегации по што ќе следуваат и изјави за медиумите. мч/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан