• понеделник, 18 ноември 2024

Министерката Божиновска се сретна со претставници на КфВ банка, во фокусот тековни проекти

Министерката Божиновска се сретна со претставници на КфВ банка, во фокусот тековни проекти

Скопје, 31 јули 2024 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска остварила работна средба со Мориц  Реме, регионален директор на канцеларијата на германската КфВ банка за Скопје и за Приштина.

На средбата, како што информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, присуствувале и Јан Аксел Вос, заменик амбасадор и Роберт Шарламанов, виш секторски специјалист во КфВ банка.

- Во фокусот на разговорите беа реализацијата на тековните проекти во кои преку кредитни линии партиципира  Германската развојна банка.  Станува збор за  изградба фотонапонски електрани во РЕК Битола, заокружување на втората фаза од ветерниот парк во Богданци, реализација на  третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМ и изградба на топловоден систем во Битола, се вели во соопштението.

Божиновска, како што се наведува,  изразила задоволство од досегашната соработка со КфВ банката и ги потврди заложбите и врвните приоритети на Владата  за модернизација на постојните и изградба нови енергетски капацитети.  

- Врз основа на постојниот  енергетски потенцијал  во делот на обновливи извори,  преку искористувањето на  ветерот  и  соларната енергија, земјава има можност да напредува кон зелената транзиција и зголемување на енергетската ефикасност, стои во соопштението. мд/цр

Фото: Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

 

Остани поврзан