Делегација од Општина Куманово на одбележување на 2 Август во Меморијалниот центар Пелинце
- Делегација предводена од градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска положи цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на 81-годишнината од првото заседание на АСНОМ.
Куманово, 2 август 2025 (МИА) - Делегација предводена од градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски денеска положи цвеќе во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод одбележувањето на 81-годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Како што информираат од општината, на празничната манифестација присуствуваа бројни делегации од високи државни институции, претставници од јавни претпријатија и институции, од здруженија на граѓани и политички партии, кои положија свежо цвеќе пред споменикот на АСНОМ.
-Во име на Општина Куманово, делегацијата ја предводеше градоначалникот Максим Димитриевски, во придружба на претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и претставникот од општинската администрација, раководителот Александар Крстевски, посочија од Општина Куманово. ам/фф/
Фото: Општина Куманово