• петок, 05 декември 2025

Деветта победа на Марк Маркез во Заксеринг

Деветта победа на Марк Маркез во Заксеринг

Заксеринг, 13.јули 2025 (МИА) - Возачот на Дукати Марк Маркез ја продолжи својата доминација со нова победа на патеката во Заксеринг за Големата Награда на Германија. Тој во саботата победи во спринтот, а денеска ја прослави и деветтата победа на оваа патека во Мото ГП.

На победничкиот подиум се најдоа неговиот брат Алекс Маркез и како третопласиран Франческо Бањаја.

Ова е вкупно 69.та победа за Марк Маркез во „кралската класа“, со што го мина Џакомо Агостини кој има 68, а единствено пред него со 89 победи е Валентино Роси.

Марк Маркез со денешната победа ја зголеми предноста пред Алекс Маркез и води со 344 пред неговиот брат, кој има 261. 

Следната трка се вози на патека во Брно во Чешка.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан