• среда, 25 декември 2024

Дебарските пожарникари го одбележаа 20 мај - Меѓународниот ден на пожарникарите

Дебарските пожарникари го одбележаа 20 мај - Меѓународниот ден на пожарникарите

Дебар, 20 мај 2024 (МИА) - Во присуство на поранешни колеги, градоначалниците на Дебар и Маврово и Ростуше, претставници на полицијата и други институции, дебарските пожарникари го одбележаа 20 мај- Меѓународниот ден на пожарникарите.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Џетан Мифтароски, поздравувајќи ги присутните рече дека нивна цел е заштита на населението и имотот на подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, односно подрачјето на Долна Река.

-Подготвени сме и во служба на населението сме 24/7 во трите општини. Никогаш не правиме разлика по никоја основа, никогаш не го делиме населението, интервенираме веднаш по добиена дојава. Апелирам до граѓаните како што ние ги гледаме и се грижиме за нив и тие да го прават истото. Сакам да го нагласам податокот дека до крајот на март имавме само седум интервенции, додека во април и овој месец секојдненвно имаме по две до три интервенции. Вниманието и совесноста на сите е повеќе од потребна, порача Мифтароски.

Тој се задржа и на опременоста, која како што оцени не задоволува, бидејќи возилата со кои располагаат се постари од четири децении и побара од градоначалниците на трите општини да се заложат на овој план.

Градоначалниците на Дебар Хекуран Дука и на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, честитајќи им го денот, искажаа само пофални зборови за максималната ангажираност на единицата.

Дука наброја повеќе проекти, меѓу кои и целосната реконстркција на објектот, набавка на заштитна опрема, потоа регулирањето на платите, кои биле многу ниски, како и сите додатоци кои им следуваат според законот, а вети дека се прават напори за обновување на возниот парк, при што кажа дека има најава за донација во возило со скала, на наш иселеник од САД, кое единицата го нема.

И Куртовски вети дека заедно со локалната власт на Дебар ќе се ангажираат во надминување на актуените прашања додавајќи дека „ако и помагаме на ТППЕ си помагаме самите себе си“. вт/дма/

 

Фото: МИА

Остани поврзан