• четврток, 05 декември 2024

Две лица уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур

Две лица уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур

Астана, 1 ноември 2024 (МИА) – Две лица се уапсени откако без дозвола влегле во космодромот Бајконур во Казахстан, соопшти Обвинителството.

Во соопштението од казахстанското обвинителство се наведува дека уапсени се 21-годишен Французин и 26-годишен Германец откако влегле во космодромот за да ја видат руската ракета Енергија.

Во јули, двајца холандски државјани и еден Белгиец беа уапсени кога се обиделе да влезат во комплексот Бајконур.

Космодромот Бајконур се наоѓа во Казахстан, но е изнајмен од Русија. Пристапот до комплексот е ограничен, иако платени тури се достапни за оние кои сакаат да гледаат лансирање на вселенско летало. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан