• понеделник, 23 декември 2024

Два сребрени медала за македонските каратисти на ЕП во Белград

Два сребрени медала за македонските каратисти на ЕП во Белград
Белград, 31 октомври 2021 (МИА) – Македонската репрезентација во традиционално карате на вториот ден од Европскиот шампионат што се одржува во Белград освои два сребрени медала во кадетска и јуниорска конкуренција. Антонија Белазелкоска го освои второто место во фукуго за јуниорки, а со сребрен медал се закити и Мила Младеновска во фукуго за кадетки. Максимилијан Глигоров и Иван Пиневски имаа солиден настап во јуниорска конкуренција, но не успеаја да се искачат на победничкиот пиедестал. На Европското првенство во традиционално карате утре е последен ден со борби во сениорска конкуренција, на кои ќе настапат Дејан Недев, Јадранка Недева, Емилија Јанчевска и Бојан Богдановиќ. ег/вг/

Остани поврзан