Двајца повредени во напад врз Одеса, оштетена е пристанишната инфраструктура
- Руски војници го погодија украинскиот град Одеса со балистичка ракета, а според првичните информации две лица се повредени, а причинета е материјална штета на пристанишната инфраструктура, изјави шефот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, пренесува Укринформ.

Киев, 2 март 2025 (МИА) - Руски војници го погодија украинскиот град Одеса со балистичка ракета, а според првичните информации две лица се повредени, а причинета е материјална штета на пристанишната инфраструктура, изјави шефот на Регионалната воена управа на Одеса, Олег Кипер, пренесува Укринформ.
„Непријателот ја погоди Одеса со балистичка ракета. Во нападот е оштетена пристанишната инфраструктура и цивилен брод под знамето на Република Панама, во сопственост на европска компанија. Двајца мажи, вработени во пристаништето, се повредени“, наведе Кипер во објава на Телеграм.
Тој истакна дека сите надлежни служби во моментов работат на отстранување на последиците, а лекарите им ја пружаат неопходната помош на настраданите. рп/
Фото: МИА архива