• вторник, 24 декември 2024

Двајца Бугари влегоа во овогодишното рангирање на најистакнатите млади луѓе во светот

Двајца Бугари влегоа во овогодишното рангирање на најистакнатите млади луѓе во светот

Софија, 10 јули 2023 – Д-р инж. Веселина Узунова и Александар Алексиев се меѓу финалните топ 30 на светскиот формат на програмата „Најистакнати млади личности во светот“ (The Outstanding Young Persons in the World – TOYP) за 2023 година на Меѓународната младинска комора – Бугарија (Junior Chamber International Bulgaria – JCI Bulgaria), соопштија од комората.

Ова е веста на денот од Република Бугарија, избрана на Бугарската телеграфска агенција (БТА) за објавување од МИА, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка, кој предвидува секој ден националните информативни агенции на Северна Македонија и Бугарија да разменуваат директно избрана од другата агенција вест на денот на соодветната земја, а другата агенција да ја објави на својот интернет сајт без промени со изрично посочување и цитирање на партнерот како извор.

Во јуни оваа година, двајцата беа наградени во категориите „Наука и/или технолошки развој“ и „Морално лидерство и/или заштита на животната средина“ во националниот круг на програмата, со што се рангираа меѓу десетте најистакнати млади личности на Бугарија за 2023. По признанието кај нас, тие се номинирани за светската рунда на програмата и веќе се меѓу 30-те финалисти од номинирани од над 80 земји.

Оттука натаму ќе се одржат следните две кола од програмата во кои ќе се изберат 20-те најдобри, а потоа и конечните 10 најистакнати млади луѓе во светот.

Секоја година Junior Chamber International одликува по десет поединци од секоја земја, во десет различни категории. „Најистакнатите млади личности на Бугарија“ е програма која има за цел да им даде публицитет и видливост на достигнувањата на младите Бугари на возраст меѓу 18 и 40 години кои постигнале исклучителни достигнувања или се истакнуваат во десет избрани области од јавниот живот.

Д-р инж. Веселина Узунова е дел од младата и амбициозна генерација истражувачи во Бугарија. Активно работи на полето на туморски нанотераностици, биоматеријали за потребите на ткивното инженерство и регенеративната медицина и невродегенеративните болести.

Како актер и/или продуцент, Александар Алексиев придонесува во создавањето на водечките бугарски филмови и серии во изминатите неколку години. Тој е партнер во компанија која ја поддржува бугарската кинематографија со продукција и дистрибуција на кратки и играни филмови. Надвор од неговите професионални активности, Александар активно ги поддржува активностите на граѓанските организации.

_________________________________________________________________________

Медиумската информативна агенција овие текстови ги објавува во оригинална форма, согласно Договорот за размена на информации и професионална соработка меѓу двете национални новински агенции МИА и БТА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан