Дванаесет повредени во пожарот во Кочани се на клиники во Белград, на ВМА се три девојки и момче
- Дванаесет повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани се префлени попладнево во главниот град на Србија со воен авион на српската армија, јави МИА од Белград.

Белград, 17 март 2025 (МИА) - Дванаесет повредени лица од пожарот во дискотека во Кочани се префлени попладнево во главниот град на Србија со воен авион на српската армија, јави МИА од Белград.
Четворица од нив се на Воено-медицинската академија во Белград. Таму се три девојки и едно момче кои според првичните сознанија се во стабилна состојба. Префрлени се Клиниката за пластична хирургија.
Останатите се префрлени во Ургентниот центар во Белград.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска при посетата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар на Србија, рече дека во здравствените установи во државата ќе примат вкупно 29 повредени лица.
Синоќа на клиники во Белград беа примени 12 повреднеи лица од Кочани кои исто така беа пренесени во главниот град на Србија со авион на српските ВВС.
Во Србија утре е ден на жалост за трагедијата во Кочани. зш/
фото МО на Србија