• недела, 25 јануари 2026

Данска ја отпиша Шпанија од трката за полуфинале, фантастични 14 одбрани на Нилсен

Данска ја отпиша Шпанија од трката за полуфинале, фантастични 14 одбрани на Нилсен

 

Хернинг, 24 јануари 2026 (МИА) – Кодомаќинот на Европското ракометно првенство Данска ја забележа втората победа во главната фаза во рамки на групата 1, откако вечерва пред 15.000 гледачи во Хернинг ја совлада Шпанија со 36-31 (16-14).

Данска со триумфот ѝ се приклучи на Франција на врвот на табелата со четири бодови, колку што има и Германија со натпревар помалку, додека Шпанија остана последна без бод и без шанси за пласман во полуфиналето.

Данска имаше резултатска контрола во првиот дел и на два пати водеше со највисоки плус четири голови разлика, но Шпанците до паузата успеаја да ја преполоват негативата.

Шпанија на почетокот на второто полувреме дојде и до израмнување на резултатот (17-17), но Данците инспирирани од фантастичниот голман Емил Нилсен возвратија со серија од 7-1 и стекнаа недостижна предност.

Нилсен запиша 14 одбрани на голот на Данска во чиј редови Емил Јакобсен беше најефикасен со осум голови.

Второто коло од главната фаза во групата 1 ќе биде комплетирано вечерва со пресметката меѓу Германија и Норвешка. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан