• среда, 27 ноември 2024

Гухт: Можен е нов бран на Ковид-19 уште во август

Гухт: Можен е нов бран на Ковид-19 уште во август
Брисел, 6 мај 2020 (МИА) – Белгискиот Федерален центар за јавно здравје предупредува дека постојат сценарија за нов, поголем бран на зараза со Ковид-19 уште во август, но оти е можен и трет бран. - Можно е бројот на заразени како и бројот на хоспитализирани луѓе наскоро повторно може да почне да расте доколку пребрзо и немарно се укинат рестриктивните мерки или доколку не се придржуваме до правилата, изјави белгискиот епидемиолог Стивен Ван Гухт. Белгиските експерти предупредуваат дека не е исклучено и воведување на втор „карантин“ на земјите на зима со цел да се намалу ширењето на инфекцијата. - Се зависи од тоа колку ќе успееме да го адаптираме нашето однесување на новонастанатата ситуација и колку ќе биде успешна стратегијата за следење на контактите, се наведува во соопштението на белгискиот Центар за јавно здравје. ми/

Остани поврзан