• сабота, 20 јули 2024

Грчката претседателка во посета на Киев, ќе се сретне со Зеленски

Грчката претседателка во посета на Киев, ќе се сретне со Зеленски
Атина, 3 ноември 2022 (МИА) – Претседателката на државата Катерина Сакеларопулу се наоѓа во Киев, каде што ќе разговара со претседателот на Украина Володимир Зеленски, кусо информираа утрово од кабинетот на грчката претседателка, јави дописничката на МИА од Атина. Посетата не беше претходно најавена, а како што беше случај и при посетата на Киев министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, пред две седмици, така и сега, од безбедносни причини не се соопштени дополнителни детали околу програмата на претседателката. Сакеларопулу, и во нејзините јавни настапи и на средби со странски лидери секогаш ја истакнува грчката поддршка за Украина, осудувајќи ја руската инвазија. ср/зш/

Остани поврзан