Грозданов: Со 100 милиони евра инвестиции Кочани ќе прерасне во центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и достоинствен живот
- Сто милиони евра инвестиции во капитални проекти за Кочани најави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Кочани предложен од ВМРО - ДПМНЕ, Владко Грозданов, на средбата со граѓани во центарот на градот. Според него, станува збор за пари што ќе бидат обезбедени преку странски партнери, надвор од редовниот Буџет на Владата.
Кочани, 15 октомври 2025 (МИА) - Сто милиони евра инвестиции во капитални проекти за Кочани најави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Кочани предложен од ВМРО - ДПМНЕ, Владко Грозданов, на средбата со граѓани во центарот на градот. Според него, станува збор за пари што ќе бидат обезбедени преку странски партнери, надвор од редовниот Буџет на Владата.
- Само за Кочани и регионот ќе обезбедиме дополнителни 100 милиони евра – средства што ќе се вложат исклучиво во инфраструктура и капитални проекти. Ова не се празни ветувања – веќе се работи со меѓународни партнери за реализација на овие инвестиции, надвор од редовните буџетски трансфери. Целта е Кочани да стане центар на источниот регион – град со европска инфраструктура и услови за достоинствен живот, соопшти Грозданов

Дел од најавените 100 милиони ќе бидат искористени за реновирање и модернизирање на болницата во Кочани, ќе има нови одделенија, современа опрема и подобри услови за медицинскиот персонал. Грозданов вети и затворен базен, нови спортски сали, нова патна, комунална и урбана инфраструктура.
- Со овие проекти ќе се отворат нови работни места и ќе се поттикне локалната економија. Кочани повеќе нема да биде на маргините, ќе биде во фокусот на државните и меѓународните инвестиции. Со овој план, Кочани станува пример за тоа како една општина може да се развива со визија, стратегија и партнерство, смета кандидатот за градоначалник предложен од ВМРО - ДПМНЕ, Влатко Грозданов.

На денешната средба на Грозданот со граѓани на Кочани присуствуваше и Марија Митева, која како портпарол на Македонската влада му даде силна поршка на кандидатот за градоначалник предложен од ВМРО - ДПМНЕ и на неговото зборуви. Стоте милиониевра евра инвестиции во различни проекти, Кочани ќе ги добие во рок од четири години започнувајќи од 2026 година.ис/
Фото: МИА