Гризман ги кажа своите фаворити за освојување на Светското првенство
- Францускиот напаѓач Антоан Гризман смета дека неговата репрезентација е еден од фаворитите за освојување на Светското фудбалско првенство првенство.
Мадрид, 23 април 2022 (МИА) - Францускиот напаѓач Антоан Гризман смета дека неговата репрезентација е еден од фаворитите за освојување на Светското фудбалско првенство првенство.
- Фаворити? Бразил, Аргентина, Шпанија и Франција. Има уште време, остануваме претпазливи. Но, имаме добра репрезентација, немаме пораз девет натпревари по ред, ова е добар знак. Згора на тоа, за време на Светско првенство сè е потешко“, го цитира Гризман „АС“.
Мундијалот 2022 ќе се одржи во Катар од 21 ноември до 18 декември.
Францускиот тим е актуелен светски шампион. „Триколорите“ се во групата Д заедно со Данска и Тунис, а четвртиот тим ќе биде одреден подоцна. Тоа ќе биде Перу, Австралија или Обединетите Арапски Емирати. зс/