Гренел го демантира написот на Билд за наводните преговори за „Северен поток“
- Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за надворешна политика Ричард Гренел ги демантираше наводите на германскиот весник „Билд“ дека тој наводно остварил неколку неофицијални посети на Швајцарија за преговори за продолжување на испораката на руски гас во Европа преку „Северен поток“.

Вашингтон, 3 март 2025 (МИА) - Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за надворешна политика Ричард Гренел ги демантираше наводите на германскиот весник „Билд“ дека тој наводно остварил неколку неофицијални посети на Швајцарија за преговори за продолжување на испораката на руски гас во Европа преку „Северен поток“.
-Целосно лажни вести. Билд дури и не повика никого да ги провери фактите пред да го објави ова, бидејќи не сакаа да ја дознаат вистината. Некој треба да биде отпуштен поради ова, напиша Гренел на својот „X“ профил.
Повикувајќи се на неименувани извори, Билд претходно денеска објави дека во Швајцарија веќе неколку недели се водат тајни преговори за тоа како повторно Германија да се снабди до евтин руски гас. мс/
фото: МИА архива