• петок, 08 ноември 2024

Градскиот мешан хор од Гевгелија прослави сребрен јубилеј

Градскиот мешан хор од Гевгелија прослави сребрен јубилеј
Гевгелија,15 ноември 2021 (МИА) - Со свечен концерт во соборниот храм ,,Свети Кирил и Методиј“ во Гевгелија, градскиот мешан хор „Гортинија“ го одбележа 25-годишниот јубилеј со изведба на повеќе хорски композиции од својот богат репертоар. Гевгелиската публика уживаше во настапот на реномираниот хор кој, под диригентската палка на Илија Атанаов, за нив изведе композиции од домашни автори, обработки на македонски народни напеви, како и две дела од Волфганг Амадеус Моцарт со кои,на задоволство на публиката,беше завршен јубилејниот концерт. -Овој концерт е уште една потврда за високиот квалитет што го поседува мешаниот хор „Гортинија“ како и за самопрегорната работа на триесетината членови кои репрезентативно ја претставуваа земјата и градот Гевгелија на бројните концерти дома и во странство, рече раководителот и диригент Илија Атанасов. Хорот стана препознатлив бренд на Гевгелија откако освои бројни домашни и меѓународни награди и признанија.им/свс/

Тагови

Остани поврзан