• сабота, 05 октомври 2024

Градоначалникот Пекевски се извини за ненамерната грешка со донираните пакети во деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски"

Градоначалникот Пекевски се извини за ненамерната грешка со донираните пакети во деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски

Берово, 21 декември 2023 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска на прес - конференција се извини за ненамерната грешка што се случи со доделените пакети наменети за ученици од деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски", во кои се најде несоодветна облека која предизвика реакции кај јавноста.

Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, како што рече Пекевски, преку соодветна постапка ќе бидат вратени на Агенцијата.

-Сo Агенцијата за управување со одземен имот, во минатото сме имале одлична соработка, со веќе голем број донанции, автомобили за институции и други акции, кои ја нашле својата полезност и корисност за којашто биле наменети. Веруваме дека таа соработка и во иднина ќе продолжи. На граѓаните, на кои дел од донираните производи во пакетите им предизвикаа непријатни чувства, им се извинуваме, рече Пекевски. вс/цр

Фото: МИА

 

Извинувањето на Пекевски доаѓа откако во текот на вчерашниот ден бешеутврдено дека одреден дел од облеката, која се наоѓаше во донираните пакети е несоодветна.


Донацијата од страна на Агенцијата за управување со одземен имот претходно беше доделена на основното училиште „Дедо Иљо Малешевски“.  вс/

 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан