• среда, 29 јануари 2025

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка

Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка

Белград, 28 јануари 2025 (МИА) – Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка, соопшти денеска на прес конференција српскиот премиер Милош Вучевиќ кој информира дека донел одлука да поднесе оставка од функцијата.

Вучевиќ рече дека тој и Ѓуриќ се чувствуваат одговорни за синоќешниот инцидент во Нови Сад кога студенти кои го блокираа Филозофскиот факултет соопштија дека биле нападнати при што неколкумина од нив се повредени.

- Синоќа околу три часот физички беа нападнати студенти во Нови Сад. Една девојка е сериозно повредена, моментално се наоѓа во Клиничкиот центар на Војводина, вилицата е изместена и има повреди по целото тело, има уште неколку ученици со полесни повреди, се вели во соопштението на студентите.

Остани поврзан