• сабота, 13 декември 2025

Градоначалникот на Берово, Петар Ружински оствари прием на учесниците од „МАKИНОВА“ и „ЕКОНОВА“

Градоначалникот на Берово, Петар Ружински оствари прием на учесниците од „МАKИНОВА“ и „ЕКОНОВА“

Берово, 12 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински оствари прием со учениците од Општина Берово и нивните ментори кои годинава учествуваа на „46. МАКИНОВА“ и „23. ЕКОНОВА“. Средбата се одржа во просториите на локалната самоуправа, каде што младите беровски иноватори беа поздравени за нивните постигнати резултати на натпреварите во Кавадарци.

- Им упатив честитки на учениците од Берово, потенцирајки дека нивниот труд, знаење и креативен пристап претставуваат значајно достигнување не само за нив лично, туку и за целата општина. Ваквите успеси на младите претставуваат доказ за квалитетната работа во образовните установи и посветеноста на менторите кои ги водат, истакна Ружински.
Градоначалникот додаде дека локалната самоуправа ќе продолжи да ги поддржува талентираните млади, нагласувајќи дека успехот на беровските ученици придонесува за промоција на општината како средина што инвестира во иновации и знаење.

На приемот, учениците од Општина Берово ги претставија своите проекти – од технички изуми до еколошки иновативни решенија – при што детално објаснија како ги развивале идеите, какви предизвици ги следеле и како им помогнало учеството на вакви натпревари да напредуваат во нивните истражувачки способности. Тие споделија дека поддршката од локалната заедница и Општина Берово им дала дополнителна мотивација.

Манифестациите „МАКИНОВА“ и „ЕКОНОВА“, кои традиционално ги обединуваат најкреативните млади од земјата и регионот, и годинава послужија како платформа за претставување нови решенија што го олеснуваат секојдневието и ја унапредуваат технологијата и екологијата. Успехот на учениците од Општина Берово како што додадоа од Општина Берово е уште една потврда за нивниот потенцијал и ентузијазам. вс/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан