• вторник, 24 декември 2024

Градоначалникот Дука со отчет за сработеното во 2020 година

Градоначалникот Дука со отчет за сработеното во 2020 година
Дебар, 30 декември 2020 (МИА) - Градоначалникот на Општина Дебар Хекуран Дука, денеска даде отчет за сработеното во текот на годинава која изминува, а зборуваше и за планираните активности за наредната година. Освен новинари, на средбата присуствуваа и други зантересирани граѓани и претставници на граѓанскиот сектор. - На самиот почеток сакам да нагласам дека годината ја минавме во сосема непревидливи услови-во пандемија со Ковид-19 која го погоди целиот свет. Токму поради оваа непогода дел од проектите предвидени за годнава не се целосно реализирани.Она што сепак посебно сакам да го нагласам е воспоставена целосна транспарентност за сите активности на општината,со кои граѓаните може секојдевно да се информраат преку мониторот поставен пред општинската зграда. Тука секако и редовното, целосно, навремено информирање преку веб страницата на општината на социјалните мрежи, рече на почетокот Дука. Тој направи пресек на сите превземени активности по појавата на опасниот коронавирус,како во перидоот кога општина Дебар и Центар Жупа беа ставени во карантин па се до ден денес.Тој најави дека на почетокот на следниот месец ќе почне поставувањето на модуларна болница. Презентирајќи ги реализираните активности тој посебно ги посочи напорите за стабилен општински буџет, како и низата зафати во подобрувањето на условите за живот на граѓаните, како и посветеното внимание во урбанизмот, оразованието, животната средина, Терторијалната противпожарна единица. - Наследивме високи долгови, но со правно менаџирање на средствата тој долг го преполовивме. Буџетот на општината е реализран со 92 отсто а со подобрувањето на условите за работа реалзиравме или во тек се на реализација на повеќе проекти.Тука секако уредувањето на градската депонија и поставувањето безбедносни камери, каде сега има целосна контрола, рекострирани се тортоарите во центарот на градот, пр крај е изградбата на резервоар за вода во стариот дел на градот,изградено е кошаркашко игралиште,како други зафати се во интерес на граѓаните,со средстава од буџетот на општината и од Владата, за што сме многу благодарни, нагласи Дука. Тој посочи дека во рамки на можностите финансиски се подржани и активности од областа на културата, спортот, граѓански организации и семејства во социјален ризик,што како што вети, ќе продолжи и следната годна. Се задржа и на планираните проекти при што посебно го нагласи оној за реконструкција на три улици во градот вреден 700.000 денари, подржан од Министерството за животна средина, потоа проект со кој се предвидува реконстркција на една улица во градот и две во селски населени места за што ќе бидат потрошени 250.000 денари,како реконструкција на центарот на градот. - Во рамки на добрата соработка со општна Пешкопеја, Републка Албанија ќе аплицираме во ИПА фондовите за меуѓранична соработка со проект за преработка на отпад и реконструкција на инфрасруктурата на преминот „Блато“,за да се создадат услови за заедничка контрола, рече Дука. Нагласувајќи дека 2021 година е година на локални избори најави дека ќе се кандидира и за втор мандат,зашто„сакам да се соочувам со предузвици и да работам за младите и со младите“. На крај на сите жители им посака среќна Нова 2021 година, многу љубов, почит, разбирање и благодостојба, акцентирајќи ја неговата определба дека и понатаму останува отворен за соработка со сите, во интерес на општината и нејзините жители.вт/фф/

Остани поврзан