• сабота, 27 јули 2024

Голем дел од Тетовско од 03:00 часот ноќеска без струја

Голем дел од Тетовско од 03:00 часот ноќеска без струја

Скопје, 30 септември 2023 (МИА) - ЕВН информира дека од ноќеска, од 03:00 часот, до 09:00 часот утрината, без струја ќе биде голем дел од Тетовскиот Регион. Електричната енергија ќе биде исклучена поради инвестициски зафат од страна на енергетската компанија МЕПСО.

Во утринските часови без струја ќе бидат Боговиње, Сиричино, Камењане, Јеловјане, Џепчиште, Долно Палчиште, Брвеница, Горно Седларце, Горно Палчиште, Ѓермо, Синичане, Гургурница, Желино, Голема Речица, Раковец, Милетино, Урвич, Ратае, Челопек, Порој, Мала Речица, Сараќино, Ново Село Шар, Блаце, Жилче, Шемшево, Долно Седларце, цела општина Желино и цела општина Тетово. ир/мч/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан