Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер: Прифатете дека САД нема да ги почитуваат меѓународните правила
- Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека меѓународната заедница ќе мора да се справи со непочитувањето на воспоставените дипломатски правила од страна на новата американска администрација.
![Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер: Прифатете дека САД нема да ги почитуваат меѓународните правила](https://mia.mk/index.php/images/20250215162034_big_730x400_98.webp )
Минхен, 15 февруари 2025 (МИА - Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека меѓународната заедница ќе мора да се справи со непочитувањето на воспоставените дипломатски правила од страна на новата американска администрација.
„Новата американска администрација има сосема поинаков поглед на светот од нашиот, кој не ги почитува воспоставените правила, партнерството и зголемената доверба“, изјави шефот на германската држава.
„Мораме да го прифатиме ова и можеме да се справиме со тоа. Но, убеден сум дека не е во интерес на меѓународната заедница овој поглед на светот да стане доминантна парадигма“, рече Штајнмаер, говорејќи на Минхенската безбедносна конференција. зш/