Герапетритис разговарал со Муцунски и изразил подготвеност на Грција да обезбеди секаква неопходна помош
- Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 16 март 2025 (МИА) – Подготвеноста на Грција да обезбеди секаква неопходна помош, вклучително и спасувачки тимови и медицинска помош, изразил министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во телефонскиот разговор со шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од грчкото МНР, Герапетритис во телефонскиот разговор изразил сочувство за загубата на животите во трагичниот пожар во Кочани и понудил помош од Грција. ср/бак/
Фото: МИА архива