• петок, 27 декември 2024

Гевгелија ќе се грижи за опстојување на старите занаети

Гевгелија ќе се грижи за опстојување на старите занаети
Гевгелија, 1 јули 2022 (МИА) - Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов оствари работна средба со претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Агрон Фазлији, на која се разговараше за можноста и начините за субвенционирање на старите занаети во Гевгелија која во минатото била на листата на градови со традиционални занаетчиски дејности од кои егзистирале многу семејства. --Преку субвенционирањето на старите занаети сакаме да делуваме во спречувањето од изумирање на овие дејности,да го стимулираме претприемништвото и да создадеме услови да продолжи негувањето на локалната традиција, рече Сарамандов. Според регионалната занаетчиска комора од Гевгелија, на подрачјето на општините Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран регистрирани се вкупно 310 вршители на занаетчиски дејности. Минатата година преку мерките на АВРМ биле основани 35 занаетчиски работилници од кои најмногу, 21,  во Гевгелија. И годинава поради ублажување на последиците од Ковид-пандемијата, гевгелиските занаетчии плаќаат намалена такса од 500 на 350 денари. им/хс/

Остани поврзан