• понеделник, 23 декември 2024

Гевгелија домаќин на ракометниот Суперкуп

Гевгелија домаќин на ракометниот Суперкуп

Скопје, 22 август 2024 (МИА) – Суперкупот на Македонија во ракомет ќе се игра на 4 септември со почеток во 19 часот во спортска сала „26-ти април“ во Гевгелија.

Оваа одлука ја донесе Ракометната федерација на Македонија.

За трофејот ќе се борат актуелниот шампион Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Алкалоид.

Суперкупот е вовед во новата сезона во македонското ракометно првенство. зс/ 

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан