Гвардиола: Манчестер Сити против Реал Мадрид веќе изгледа како дерби
- Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги даде своите први коментари за ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите

Манчестер, 31 јануари 2025 (МИА) - Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги даде своите први коментари за ждрепката за плеј-офот во Лигата на шампионите.
Таа одреди „граѓаните“ да се соочат со Реал Мадрид четврта сезона по ред.
Според Шпанецот, оваа пресметка веќе има статус на дерби на турнирот.
-Ова веќе изгледа како дерби, бидејќи е четврта година по ред против Реал Мадрид. И Баерн и Реал беа навистина тешки можни противници. Да се надеваме дека на најдобар можен начин ќе влеземе во првиот дуел на нашиот стадион, а потоа во Мадрид. Можевме ли да бидеме во првите осум? Да, но не бевме доволно добри. Не го заслуживме тоа откако победивме само на три натпревари и едно реми. Претрпевме премногу порази. Ждрепката е ждрепка“, прокоментира Гвардиола. дс
Фото: Архива