• вторник, 20 август 2024

Гвардиола: Манчестер сити е фаворит, но сега е потешко да се победува во Премиер лигата

Гвардиола: Манчестер сити е фаворит, но сега е потешко да се победува во Премиер лигата

Манчестер, 18 август 2024 (МИА) - Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, призна дека станува тешко да се победи во Премиер лигата. 

Тој се согласи дека неговиот тим повторно е фаворит за трофејот.

- Прифаќам дека сме фаворити, се помирив со тоа. Но, знам што да правам. Треба да освојуваме бод по бод, да остваруваме победа една по друга, но ова станува се потешко секоја сезона, изјави Гвардиола за „City Xtra“.

Манчестер сити денес од 17:30 часот ќе игра на гости со Челзи во 1. коло од новото фудбалско првенство во Англија. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан