Гвардиола: Доколку Ливерпул освои шест бода во наредните недели, ќе биде шампион на Англија
- Трите последователни порази во Премиер лигата значеа дека фудбалерите на Манчестер Сити по одиграното 12. коло веќе имаат пет бода помалку од лидерот на табелата Ливерпул, кој според тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е најсериозен кандидат за титулата.
Манчестер, 24 ноември 2024 (МИА) - Трите последователни порази во Премиер лигата значеа дека фудбалерите на Манчестер Сити по одиграното 12. коло веќе имаат пет бода помалку од лидерот на табелата Ливерпул, кој според тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола е најсериозен кандидат за титулата.
Шпанецот тврди дека доколку „црвените“ успеат да слават на гостувањето кај Саутемптон, а потоа успеат да го совладаат неговиот тим во големото дерби на 1 декември, шампионската трка ќе биде решена.
-Мислам дека ќе биде така. Доколку Ливерпул успее да не победи во дербито, ќе биде нов шампион на Премиер лигата, бидејќи во тој случај ќе има 11 бода повеќе, изјави Шпанецот.
Навистина, 11 поени повеќе пред „Боксинг деј“ не би била мала предност, но таа е далеку од недостижна и постојат сите шанси тренерот на Манчестер Сити само да сака да им наметне уште поголем притисок на играчите на Ливерпул пред дерби натпреварот на „Енфилд“.
Оваа изјава добива на тежина ако се знае дека на само неколку дена пред натпреварот со Манчестер Сити, фудбалерите на Ливерпул ги очекува тежок натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, додека Сити на домашен терен го пречекува Феенорд. дс
Фото: Архива