• петок, 27 декември 2024

Де ла Фуенте: До СП 2026 репрезентацијата на Шпанија ќе биде уште посилна од сега

Де ла Фуенте: До СП 2026 репрезентацијата на Шпанија ќе биде уште посилна од сега

Мадрид, 26 декември 2024 (МИА) - Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте изјави дека неговата селекција е една од најдобрите селекции во светот.

- Не знам кој е најдобар, но Шпанија сигурно е една од најдобрите селекции. Секако, на неодамнешното Европско првенство покажавме дека сме конкурентна репрезентација, играме модерен фудбал и поседуваме победнички дух. Но, има и други големи тимови во Европа и пошироко. Шпанија има квалитет да се бори со секој противник, изјави Де ла Фуенте за „АС“.

Тој ги сподели и своите очекувања за Светското првенство во 2026 година.

- Останува многу малку време бидејќи 18 месеци ќе летнат многу брзо. Но, ние сме подготвени, и јас сум многу оптимист, да бидам искрен. И тоа е затоа што ги познавам моите играчи и тие се ненаситни и сакаат да продолжат да победуваат. Не знам до каде ќе одиме, но за овие 18 месеци ќе бидеме уште подобри отколку што сме сега. Ќе се појават нови добри играчи, а тие што ги имаме сега ќе станат позрели и посилни. За Светското првенство во САД, Мексико и Канада ќе бидеме уште посилни отколку што сме сега, додаде Де ла Фуенте.

На Светското првенство во 2026 година во САД, Мексико и Канада ќе играат 16 селекции од Европа. Европските квалификации за турнирот ќе започнат во март 2025 година и ќе завршат со плејофот во март 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан