• петок, 15 ноември 2024

Гаши се сретна со министерот за аџилак на кралството Саудиска Арабија Тафик Ф. Алрабија

Гаши се сретна со министерот за аџилак на кралството Саудиска Арабија Тафик Ф. Алрабија

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Тафик Ф. Алрабија, министер за аџилак на Кралството Саудиска Арабија, информира собраниската прес-служба. Притоа Гаши изразил надеж дека отворените и пријателски односи меѓу двете држави ќе продолжат и во иднина, со заложба за отворање на поголеми можности за интензивирање на економската соработка.

-Тој истакна дека Северна Македонија како мултиетничка држава, која почива на принципите на меѓусебно разбирање, толеранција и почитување на правото на самоопределба, целосно го почитува правото на граѓаните да ја практикуваат религијата на која ѝ веруваат и на која ѝ припаѓаат. Претседателот нагласи дека Собранието на Република Северна Македонија вложува големи напори во унапредувањето на меѓународната соработка, и тоа не само со земјите од регионот, туку и пошироко. Информираше дека во Собранието во континуитет се формира Група за соработка со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот залив, се вели во соопштението од Собранието.

Министерот Тафик Ф. Алрабија истакнал дека очекува пријателството и соработката што постојат меѓу двете земји во иднина уште повеќе да се зајакнуваат. Тој потенцирал дека дипломатските односи меѓу двете држави се воспоставени во 1995 година и идната година ќе се одбележи јубилеј од 30 годишнина од меѓусебната соработка. 

Двајцата соговорници се заложиле за продлабочување на соработката во повеќе области, вклучително и во делот на економијата, како и подбрување на транспортната комуникација. На состанокот било укажано дека двете држави имаат обврска да ги промовираат принципите на толеранција и меѓусебна соработка. сст/мд/

фото: Собрание на РСМ

 

 

Остани поврзан