• понеделник, 16 декември 2024

ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси

ВРЕДИ: Патериците на Али Ахмети испуштаат очајнички крици за да ги прикријат своите неуспеси

Скопје, 15 ноември 2024

Јасно е како ден дека сателитите на Али Ахмети, заслепени од жедта за власт, ја губат секоја честичка на политичко достоинство. Откако ги
изневерија гласачите кои некогаш им веруваа со чисто срце, тие се претворија во патерици на ДУИ, надевајќи се на загарантирани позиции.
Но, кога нивните интриги пропаднаа, овие разочарани почнаа да испуштаат очајнички крици, слични на вресоците на оние што се дават во тешката болест на политичка депресија.

Тие што некогаш беа гласот на надежта, денес се срамот на своите гласачи. Нивната стратегија е лоша копија на ДУИ: манипулации,
дезинформации и клевети за да ги прикријат своите неуспеси. Зијадин Села, сега „тивок портпарол“ на Али Ахмети, ја следи темната пропаганда и заштитата на клановите. Неговите малкумина поддржувачи денес се соочуваат со прашањето како завршија бранејќи ги оние против кои некогаш се бореа.

Повеќе од 20 години, неговите ментори ги затвораа очите пред катастрофалната состојба во Кујната на Детската Клиника, ставајќи го во
ризик здравјето на новите генерации. Благодарение на коалицијата ВРЕДИ и заложбата на директорот Реџеп Мемеди, по само 4 месеци напорна работа, овој проблем кој со децении беше занемаруван, конечно добива заслужено решение. За нас, здравјето на децата е над секој друг интерес.

Времето на манипулациите на Али Ахмети и неговите сателити заврши!

Граѓаните веќе се свесни за нивните игри и нема да дозволат повеќе да бидат манипулирани од тие што мислат само на себе и на своите кланови. Коалицијата ВРЕДИ е надежта и решението за Албанците!

Коалиција ВРЕДИ 

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан