Гаши оствари средба со претседателот на Врховната ревизорска институција на Чешка
- Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Врховната ревизорска институција на Чешка, Мирослав Кала, на која присуствувал и главниот ревизор во Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски.
Скопје, 16 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши денеска остварил средба со претседателот на Врховната ревизорска институција на Чешка, Мирослав Кала, на која присуствувал и главниот ревизор во Државниот завод за ревизија, Максим Ацевски.
Како што соопшти собраниската прес - служба, Гаши изразил задоволство од средбата и нагласил дека Собранието секогаш е отворено за соработка со ДЗР и дека денешната средба со Врховната ревизорска институција на Чешка е во насока на изнаоѓање нови модуси и сфери за проширување на соработката и меѓу двата завода и со Собранието. Истакнал и дека меѓународните средби меѓу претставници од различни нивоа на државно управување се темел за приближување на граѓаните и унапредување на меѓудржавната соработка во сите сфери.
Кала, како што соопшти собраниската прес-служба, се заблагодарил за средбата со претседателот на Собранието и истакнал дека и неговиот впечаток е дека ДЗР работи професионално, транспарентно и одговорно во сферите на трошење на јавните средства и ја повторил одличната соработка меѓу овие две институции, која во текот на неговата посета е дополнително унапредена преку конструктивни дебати и сфери за потенцијално проширување на соработка. Подвлекол дека Чешка го поддржува евроинтегративниот пат на Северна Македонија во сите сфери и дека како институција остануваат отворени за секоја иницијатива и соработка со Собранието и ДЗР.
Соговорниците се согласиле дека блиската и непосредна комуникација меѓу институциите ќе продолжи преку службите и се заложиле за остварување на средби во насока на размена на знаење, искуства и обуки во сферата на транспарентно и отчетно трошење на јавни средства и разгледување на финални ревизорски извештаи од страна на парламентите. дма/бак/
Фото: Собрание на РСМ