• петок, 27 декември 2024

Трипуновски од Росоман: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување

Трипуновски од Росоман: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување

Скопје, 8 ноември 2024 (МИА) - Денеска сме во општина Росоман каде што се чисти левиот магистрален канал. Според информациите кои што ги добив досега се исчистени повеќе од три километри. Со ваквата динамика на работа до почетокот на идната сезона целиот канал во должина од 40 километри ќе биде исчистен, информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Тој додава дека на ниво на подружница заклучно со денеска се исчистени повеќе од 13 километри каналска мрежа.

-Денеска сме овде заедно со директорот на подружницата за да покажеме како навистина се работи. Се со цел да ја дочекаме идната сезона со навремена и доволна количина на вода за да не трпи земјоделството, појаснил министерот.

Тој, како што информираат од МЗШВ, посочил дека Владата и Министерството за наредната година согласно Буџетот ќе дадат сериозен приоритет во делот на водостопанството на ниво на држава.

-Без вода не можеме да размислуваме на земјоделско производство. Поради тоа нашиот фокус ќе биде на работењето и обновување на системите за наводнување на ниво на држава, нагласилч министерот Трипуновски при посетата на Росоман. сст/нд/

фото МЗШВ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан