Гаши и Бегај ги потврдиле одличните односи меѓу двете земји и силните врски меѓу народите
- Претседателот на македонскиот Парламент, Африм Гаши, за време на престојот во Тирана оствари средба и со шефот на албанската држава Бајрам Бегај.
Тирана, 13 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на македонскиот Парламент, Африм Гаши, за време на престојот во Тирана оствари средба и со шефот на албанската држава Бајрам Бегај.
Во кусата објава на Фејсбук Бегај напиша дека чувствува посебно задоволство што го пречекува Гаши.
- Задоволство што денеска се сретнав со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија. Добре дојде во твојот дом Африм, напиша Бегај.
Во објава Гаши наведува дека ги потврдиле „одличните односи меѓу двете држави и силната врска меѓу нашите народи".
-Разговаравме за можностите за соработка и взаемна поддршка за постигнувањето на стратешките цели за интеграција во ЕУ. При оваа прилика, лично му честитав за успехот на Албанија во отворањето на првата група поглавја во преговорите за членство во ЕУ. Нагласив дека Северна Македонија останува решена и посветена на надминување на пречките за суштинско отворање на поглавјата за интеграција во ЕУ, наведува Гаши.
Додава дека се согласиле и оти соработката со Албанија и со земјите од регионот е од клучно значење за напредокот во овој процес.вт/са/
Фото: Бегај ФБ