• понеделник, 23 декември 2024

Галушченко: Русија ги напаѓа енергетските објекти низ Украина

Галушченко: Русија ги напаѓа енергетските објекти низ Украина

Киев, 17 ноември 2024 (МИА) - Русија нападна капацитети за производство и пренос на електрична енергија на целата територија на Украина, објави на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.

-Во тек е уште еден масовен ракетен напад врз енергетската инфраструктура. Непријателот ги напаѓа капацитетите за пренос и производство на електрична енергија низ целата земја. Операторот на системот пристапи кон итно итно исклучување на напојувањето, посочи Галушченко.

Тој додаде дека каде што е можно, екипите за итни случаи и спасување и енергетските тимови вршат увид за да се проценат штетите и последиците од нападите.

Како превентивна мерка поради нападот, претходно беше пријавен итен прекин на електричната енергија во главниот град Киев, регионите на Киев, Доњецк и Дњепропетровск. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан