• понеделник, 23 декември 2024

Галант: Хамас не е во состојба да се поврати од израелските операции во Појасот Газа

Галант: Хамас не е во состојба да се поврати од израелските операции во Појасот Газа

Тел Авив, 1 јули 2024 (МИА) - Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за време на денешната посета на Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, изјави дека Хамас не може да се опорави од израелските операции кои и ги уништија оружјето и подземните тунели на оваа палестинска милитантна група.

Галант оцени дека Хамас повеќе нема средства да се вооружува, да се опреми, и дека не може да донесе засилување, пренесе „Тајмс оф Израел“.

-Нивната борбеност е скршена и времето всушност работи против нив, а не за нив, изјави израелскиот министер за одбрана.

Тој повтори дека целта на израелската операција во Појасот Газа е целосно уништување на Хамас.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан