• вторник, 24 декември 2024

Галант: Интензивните борби на ИДФ во северниот дел на Газа завршија

Галант: Интензивните борби на ИДФ во северниот дел на Газа завршија

Тел Авив, 16 јануари 2024 (МИА) - Интензивните борби на израелските вооружени сили против исламистичката група Хамас на северот на Појасот Газа завршија, соопшти израелското Министерство за одбрана.

-Интензивната фаза на копнената офанзива на југот на крајбрежната енклава во областа на градот Кан Јунис наскоро ќе заврши, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, пишува „Тајмс оф Израел“.

„На крајот на војната, нема да има воена закана од Газа. Хамас нема да може да контролира и да функционира како воена сила во Појасот Газа, а ИДФ ќе има целосна слобода на дејствување да направи се што е неопходно за да ги брани граѓаните на Израел“, рече Галант. 

-Можеби ќе потрае подолго време, но ќе заврши со тотална победа, додаде тој.

„Иако периодот на интензивни борби наскоро ќе заврши, вооружените сили мора да продолжат со воениот притисок за да обезбедат ослободување на преостанатите израелски заложници во Газа“, рече израелскиот министер за одбрана. 

-Доколку дојде до прекин на огнот, судбината на заложниците ќе биде запечатена многу години во заробеништво на Хамас, рече Галант.

„Без воен притисок, никој нема да разговара со нас. Само од позиција на сила може да се ослободат заложниците“, додаде тој.

Меѓународниот притисок врз Израел постојано се зголемува за да го намали интензитетот на нападите и да спречи масовни цивилни жртви за време на нападите во Појасот Газа. Вашингтон го повика Израел да премине од силно бомбардирање кон целни напади против исламистичката милитантна група Хамас.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан