Вјоса Османи: Хибридните напади претставуваат вистински предизвик за националната стабилност
- Косовската претседателка Вјоса Османи денеска оцени дека хибридните напади претставуваат вистински предизвик за националната стабилност.
Приштина, 30 јануари 2025 (МИА) - Косовската претседателка Вјоса Османи денеска оцени дека хибридните напади претставуваат вистински предизвик за националната стабилност.
На конференцијата организирана од Министерството за одбрана на тема национална одржливост и зајакнување на одбранбените капацитети на Косово, таа рече дека развојот на Косовските безбедносни сили „останува стратешки и национален приоритет“.
„Хибридните напади, кои вклучуваат комбинирани сајбер, воени, економски и информативни операции или дезинформации во овој случај, претставуваат вистински предизвик за нашата национална стабилност“, рече Османи.
Таа изјави дека развојот на Косовските безбедносни сили „според највисоките стандарди на НАТО, останува стратешки и национален приоритет“.
Оцени дека вложувањето во вооружувањето и воениот персонал е од витално значење, како и вложувањето во други безбедносни институции.
„Нашата земја мора да инвестира во подобрување на критичната инфраструктура и развојот на одржлива економија, со посебен акцент на енергетската безбедност и заштитата на критичните системи“, рече Османи. рп/
Фото: МИА архива