• понеделник, 23 декември 2024

Вучиќ разговараше со Дендиас: Благодарни сме на Грција што ја поддржува Србија

Вучиќ разговараше со Дендиас: Благодарни сме на Грција што ја поддржува Србија

Белград, 5 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска во Белград имаше разговори со министерот за национална одбрана на Република Грција, Николаос Дендиас, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со министерот Дендиас разговаравме за сите теми од заемен интерес во областа на одбраната и безбедноста, унапредување на воената соработка и соработка во рамките на мировните мисии, како и за политичко-безбедносната состојба во регионот, напиша Вучиќ на свјот Инстаграм профил.

Тој додаде дека „ја истакнал важноста од долгогодишно пријателство и стратешко партнерство меѓу Србија и Грција и континуираната соработка со цел зачувување на стабилноста и мирот во регионот“.

-Му се заблагодарив на министерот Дендиас за поддршката што Грција ја дава на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија и на дијалогот, за почитувањето на меѓународното право, зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот и залагањето за напредок на Србија на патот кон европската интеграција, соопшти Вучиќ. об/мс/

 

Остани поврзан